недела, јули 26, 2026
Дома СВЕТ Германски медиуми: Осомничениот за нападот на Парадата на гордоста во Берлин убиен...

Германски медиуми: Осомничениот за нападот на Парадата на гордоста во Берлин убиен во полициска акција

0

Осомничениот за вчерашниот напад на Парадата на гордоста во Берлин е убиен во полициска операција, објавија германските медиуми.

Регионалниот јавен радиодифузер Рундфунк Берлин-Бранденбург (RBB) го идентификуваше осомничениот како 21-годишниот Абдул Балут, кој беше смртно застрелан во комплекс за рекреативни паркови во берлинскиот кварт Шпандау, објави Скај.

Откако се случи синоќа околу 22 часот по локално време (21 часот по британско време), започна масовна потера по осомничениот, во која учествуваат стотици полицајци.

За потсетување, германските власти утрово издадоа налог за апсење на 21-годишен маж осомничен за смртоносен напад со комбе во близина на Парадата на гордоста во Берлин, во кој едно лице беше убиено, а најмалку 16 беа повредени, соопштија властите.

Полицијата и обвинителите апелираа до граѓаните да помогнат во пронаоѓањето на осомничениот Абдул Б., по кого е започната интензивна потрага.

Властите претходно соопштија дека осомничениот е идентификуван и дека, според сегашните информации, тој е поврзан со исламски групи кои дејствуваат во Берлин.

Нападот се случил во близина на Парадата на гордоста во Берлин, кога комбе се удрило во толпата. Едно лице го загуби животот во инцидентот, додека најмалку 16 лица се повредени.

ИЗДВОЕНИ