Полицијата во Централна Франконија во Германија денес објави дека пакет пронајден на железничка станица во баварскиот град Тројхтлинген не содржел експлозиви, откако специјалните сили спроведоа детален преглед на пакетот.
Според „Билд“, се покажа дека станува збор за лажна цевна бомба.
По првичните истраги, полицијата не можеше да ја исклучи можноста дека станува збор за експлозивна направа, поради што и специјалните сили го спроведоа прегледот.












