Германија денеска го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир Путин поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да посредува во разговорите со Европската Унија за постигнување мировен договор во Украина.
Путин рече дека доколку се одржат преговори меѓу ЕУ и Русија, Шредер ќе биде негов претпочитан посредник, објави Ројтерс.
Германски функционер рече дека понудата не е веродостојна бидејќи Русија не променила ниту еден од своите услови, додавајќи дека првиот тест ќе биде дали Москва е подготвена да го продолжи тридневниот прекин на огнот.












