петок, јуни 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Германците ќе останат без јајца за Велигден поради заканата од птичји...

Германците ќе останат без јајца за Велигден поради заканата од птичји грип

95
Според податоците на Германското здружение на производители на јајца, домашните производители не се во можност да ја задоволат побарувачката на германскиот пазар пред Велигден, а низ земјата во продавниците нан секои десет пакувања недостига едно.

Претседателот на германското здружение на произведували на јајца Ханс Петер Голдник како причини за недостигот на јајца ги наведе птичјиот грип, падот на увозот и се поголемата популарноста на јајцата, пренесува порталот Мдр.

Според податоците на Федералниот информациски центар за земјоделие, побарувачката за јајца во последните години во Германија, постојано растела, и минатата година изнесувала 252 јајца по глава на жител, во споредба со 234 пред 4 години. Од вкупната побарувачка, само 70 отсто од јајцата се произведуваат во Германија,а поради птичјиот грип во минатата есен и зима во земјата беа умртвени неколку милиони живина.

Според индексот на потрошувачките цени, цената на јајцата во Германија се зголемила за 17 проценти во последните 2 години, а најниската цена изнесува 2,49 евра за пакување од 10 јајца, кое долго време чинеше под 2 евра, пренесува „Танјуг“.

Према индексу потрошачких цена, цена јаја у Немачкој је порасла за 17 процената у последње две године а најмања цена износи 2,49 евра за паковање од десет јаја, које је дуго времена коштало испод два евра, преноси „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ