Самата руинирана конструкција на галијата го привлекува вниманието на туристите, кои сакајќи да се фотографираат во неа, ризикуваат да пропаднат и да се повредат кога поминуваат по гнилите скали и по искршените штици на мостот што води до неа. Постоеја обиди таа да се дислоцира, но не успеаја, бидејќи фирмата закупец поведе судски спор против Град Скопје, уверувајќи дека не постои основ за уривање на галијата. Оттогаш ништо не е преземено за неа. Од Град Скопје велат дека се затечени два судски процеси за конкретниот случај, од кои едниот е решен неодамна, во Апелациониот суд, во корист на Град Скопје и пресудата е правосилна. Веруваат дека ќе биде решен и вториот судски спор, исто така во корист на Град Скопје, со што, како што велат, ќе се отворат можности, преку ЈП „Улици и патишта“, да се преземат подготвителни активности за отстранување на тој објект, согласно со правната регулатива
Галијата во реката Вардар спроти хотелот „Холидеј ин“ останува чир во Скопје. Таа е прибежиште на бездомниците, но е и лоша слика за големиот број туристи што ја посетуваат метрополата. Самата руинирана конструкција го привлекува вниманието на туристите, кои сакајќи да се фотографираат во неа, ризикуваат да пропаднат и да се повредат кога поминуваат по гнилите скали и по искршените штици на мостот што води до неа.
Постоеја обиди таа да се дислоцира, но не успеаја, при тоа, два пати беше зафатена од пожар. Последниот пожар се случи на 22 февруари 2024 година, а претходно таа гореше на 1.8.2023 година.
Оттогаш ништо не е преземено за неа.
Од Град Скопје велат дека со доаѓањето на новото раководство, биле интензивирани процесите во врска со посочената галија.
– За конкретниот случај се затечени два судски процеси, од кои едниот е решен неодамна, во Апелациониот суд, во корист на Град Скопје и пресудата е правосилна. Изразуваме верување дека, имајќи ја предвид судската практика, ќе биде решен и вториот судски спор, исто така во корист на Град Скопје. Со ова се отвораат можностите Градот, преку Јавното претпријатие „Улици и патишта“, да преземе подготвителни активности за отстранување на тој објект, согласно со правната регулатива.
Обид за отстранување на оваа галијата имаше уште во 2021 година, со образложение на тогашните градски власти дека фирмата што стопанисувала со неа не платила неколку закупнини. Но, тој беше безуспешен, бидејќи фирмата закупец поведе судски спор против Град Скопје, уверувајќи дека не постои основ за уривање на галијата.
Тогашната градска власт уверуваше дека овие галии во коритото на реката Вардар не се само надвор од здравата естетика туку и опасност за граѓаните на Скопје, имајќи предвид, како што тврдеа, дека според сите анализи што ги направил Градот, но и според студијата на УНДП, тие претставуваат сериозна опасност од поплави, кои може да нанесат сериозна материјална штета и да ги загрозат животите на скопјани.
(А. П.)












