
Цените на енергенсите на европските и на американските пазари продолжуваат со раст и цената на нафтата од типот брент ја премина границата од 107,50 долари за барел додека европскиот природен гас повторно се приближи на нивото од околу 82 евра за мегават-час.
Цената на американската WTI-нафта (West Texas Intermediate) моментно е 103,24 долари за барел за идни договори.
Европските берзански индекси се во мал пад, рускиот MOEX е со пад од 0,61 отсто, францускиот ЦАЦ остана на 0,40 отсто, а германскиот DAX 0,5 отсто.
Според податоците на порталот Investing.com, цената на ТТФ за фјучерси е 80 евра за мегават-час.
Американските индекси се во мал пад – дау џонс падна за 0,28 отсто, а S&P за 0,48 отсто.
Вредноста на еврото во однос на доларот на валутните пазари е 1,15 долари. Цената на златото е 4.329,95 долара за унција, со мал дневен пад од 0,50 отсто. Цената на пченицата на светските берзи е 720,50 центи за бушел, со дневен пад од 1,50 отсто.











