Ако сакате печива што се лесни, нежни и меки како облак, француските лепчиња се совршен избор.
Нивната уникатна текстура доаѓа од внимателно подготвеното тесто и додавањето путер, кој им дава богат вкус и ги одржува меки дури и следниот ден.
Овие кифлички се идеални за појадок, вечера или како прилог кон разни јадења. Највкусни се кога се свежо печени, додека се сè уште топли и мирисни.
Состојки:
-500 мл топло млеко
-1,5 супени лажици сув квасец
-60 мл масло
-1 супена лажица оцет
-Прстофат сол
-1 кафена лажичка прашок за печиво
-2 јајца
-Околу 6 шолји брашно
-50 г омекнат путер
-Сусам (по желба)
Подготовка:
Додадете го квасецот во топлото млеко, измешајте и оставете го да отстои неколку минути за да се активира. Потоа, додадете ги јајцата, солта, прашокот за печиво, оцетот и маслото, па сè добро измешајте. Постепено додавајте го брашното додека не добиете меко тесто што е малку лепливо на допир.
Не додавајте премногу брашно, бидејќи токму оваа конзистенција на тестото им ја дава карактеристичната мекост на бриош-печивата. Откако ќе се соединат состојките, додадете го омекнатиот путер и продолжете со месењето додека тестото не стане мазно и еластично.
Покријте го тестото со крпа или со проѕирна фолија и оставете го на топло место околу час и половина, или додека не го удвои својот волумен. Потоа, поделете го на еднакви делови и обликувајте ги во мали топчиња.
Фотографија: Shutterstock
Повторно покријте ги обликуваните печива и оставете ги да нараснат уште десет минути.
Наредете ги печивата во плех обложен со хартија за печење. Премачкајте ги со изматена жолчка измешана со малку вода, а потоа по желба посипете ги со сусам.
Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 20 минути, или додека не добијат златна и примамлива коричка.
Клучниот момент во овој рецепт е додавањето на путерот во веќе формираното тесто. Тоа му дава посебна структура, богат вкус и онаа карактеристична француска мекост, благодарение на која бриош-печивата остануваат воздушести дури и следниот ден.



![[Интервју] Синоличка Трпкова: Светот бара автентични приказни, да создаваме уметност без желба да се допаѓаме](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/07/sinolicka-za-sajt-450x300.jpg)








