вторник, септември 29, 2026
Дома СКОПСКА ФОТОВЕСТ: Се светнуваат фонтаната „Воинот на коњ“, Градскиот плоштад и Кејот 

ФОТОВЕСТ: Се светнуваат фонтаната „Воинот на коњ“, Градскиот плоштад и Кејот 

1

Градските власти повторно презеле акција за чистење. Можеби, малку задоцнето, кога веќе заврши летото се чисти големата фонтана „Воинот на коњ“, а според информациите на градските власти ќе се чистат и Кејот и Градскиот плоштад.

Во чистењето, при кое се употребуваат специјални средства, се вклучени екипи на јавните претпријатѕија „Комунална хигиена“, како и „Улици и патишта“.

Воедно, продолжуваат и работите на подната фонтана на плоштадот „Македонија“ која како што велат од Град Скопје биле сопрени поради големиот настанат на плоштадот по повод 35 години независна Македонија, што се одржа на 8 септември.

-Се санираат опремата и суштинската конструкција, а се унапредува постојната носечка потконструкција која што беше изработена од пластични носачи што ги поддржуваат бетонските плочки тешки околу 100 килограми. Сега таа се заменува со конструкција од инокосни профили проектирани за поголеми  механички оптоварувања- наведуваат од Град Скопје.       

ИЗДВОЕНИ