вторник, септември 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Останките на цар Самуил Грција ќе и ги подари на Бугарија

Останките на цар Самуил Грција ќе и ги подари на Бугарија

0

Бугарија и Грција постигнаа договор за враќање на посмртните останки на цар Самуил во Бугарија, изјавил бугарскиот премиер Румен Радев, пренесе бугарската агенција БГНЕС.

„По интензивни преговори, Бугарија и Грција постигнаа историски договор за враќање на посмртните останки на бугарскиот цар Самуил во неговата татковина“, рекол Радев на почетокот на владината седница. Тој потенцирал дека дека аспирацијата на бугарската држава да ги врати посмртните останки на цар Самуил датира од 1965 година, кога грчкиот археолог професор Николаос Муцопулос ги открил во базиликата изградена од цар Самуил на островот Свети Ахил во Малото Преспанско Езеро.

„Имаме историска чест да го постигнеме тоа“, рече Радев, заблагодарувајќи му се на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за неговата „државничка вештина, политичка храброст и волја“ за постигнување на договорот.

Според него, на 3 октомври ќе се одржи церемонија во Музејот на византиската култура во Солун, на која посмртните останки на цар Самуил официјално ќе бидат предадени на бугарската држава. Ќе бидат предадени и останките од уште два саркофази, откриени во истата црква, за кои се вели дека му припаѓаат на царот Гаврил Радомир и други членови на кралското семејство.

Откако ќе бидат транспортирани во Софија со спартански авион, посмртните останки на цар Самуил ќе бидат погребани во посебен саркофаг во црквата „Света Софија“.

Радев ги покани граѓаните да се сретнат со посмртните останки на владетелот и да му оддадат почит на неговиот спомен на 3 октомври во 12:30 часот на плоштадот „Принц Александар I“ пред поранешната Принцова палата. Потоа, тие ќе бидат испратени во црквата „Света Софија“, објави БГНЕС

ИЗДВОЕНИ