ФОТОВЕСТ: Генералка на фонтаната на споменикот „Воинот на коњ“

122

Работници со цревата в рака денеска беа влезени во фонтаната на споменикот „Воинот на коњ“ на Градскиот плоштад и вредно ја чистеа.

Иако, фонтаната и официјално беше пуштена во функција неодамна, според надлежните од ЈП „Водовод и канализација“, постапката била таква да на одреден период таа морала да претрпи „генералка“.

Чистењето како што објаснија од претпријатието започнало вчера, а треба да заврши во текот на денот кога фонтаната повторно ќе биде пуштена и на радост на скопјани ќе ги разладува на горештините кои веќе започнаа.

(А.П.)  Фото: (П.С.)

 

ИЗДВОЕНИ