По спроведен целосен ремонт и отстранување на техничките дефекти, од вчера повторно е во функција фонтаната во Паркот на револуцијата во Кочани.
По максималните заложби на градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и на директорот на КЈП „Водовод“, Дејан Анакиев, фонтаната пак ја носи свежината во Градскиот парк, според ритамот на музиката.
Градоначалникот Грозданов, информира дека по интензивни активности и координација со КЈП „Водовод“, успешно е завршена санацијата на најатрактивниот елемент на Градскиот парк.
– Економскиот оператор изврши сервисирање на пумпите, електронските уреди и отстранување на останатите констатирани недостатоци, со што фонтаната повторно е ставена во целосна функција – истакна Грозданов.
Фонтаната не го оптоварува системот за водоснабдување со потрошувачка на вода, туку ја циркулира водата преку повратни пумпи.
Во меѓувреме продолжуваат активностите за повторно активирање и на фонтаната „Зрно“ во трговскиот центар во Кочани. Според најавите, до крајот на седмицата се очекува и таа повторно да проработи, откако ќе пристигнат и се вградат нарачаните делови од Италија.












