Кошаркарот на Далас, Купер Флег (19), е „руки“ на сезоната 2025/2026 во НБА- лигата. Првиот избор од претходниот драфт заслужено го освои првото место на гласањето на 100 претставници на медиумите, но не беше толку убедлив како што се очекуваше.
Тој имаше голема конкуренција во својот поранешен соиграч од Дјук, Кон Кнапел.
Флег имаше само 26 гласа повеќе од кошаркарот на Шарлот, кој постигна најмногу тројки во лигата оваа сезона и сериозно се наметна за престижната индивидуална награда. Разликата помеѓу Флег и Кнапел е втора најмала во историјата на гласањето за најдобар дебитант на годината.
Флег имаше просек од 21 поен, 6,7 скока и 4,5 асистенции на натпревар оваа сезона, додека Кнапел бележеше во просек по 18,5 поени, 5,3 скока и 3,5 асистенции.











