недела, септември 13, 2026
Дома БАЛКАН Филмско бегство на опасен затвореник во Грција: Соучесници маскирани како полицајци ги...

Филмско бегство на опасен затвореник во Грција: Соучесници маскирани како полицајци ги разоружале чуварите

0

Затвореник избегал од затворот во Серес, во северна Грција, откако соучесници облечени како полицајци ги разоружаа затворските чувари и го извлекоа од возилото за транспорт на затвореници, јавува грчката телевизија ЕРТ.

Инцидентот се случи во петокот, кратко по 23 часот, кога надворешни затворски чувари од затворот „Нигрита“ транспортираа тројца затвореници до психијатриското одделение на Општата болница во Серес.

По пристигнувањето на затворското возило во кругот на болницата, од две возила излегоа вооружени лица со маски и униформи на специјалната полициска единица ОПКЕ (OPKE).

Заканувајќи се со калашњикови, тие го извлекле од возилото 41-годишниот албански државјанин – кој издржувал казна за трговија со дрога и обид за убиство – и избегале заедно со него.

За време на инцидентот, напаѓачите исто така му одзеле оружје на еден од затворските чувари.

Грчката полиција започна опсежна потрага по избеганиот затвореник и неговите соучесници. Според грчките медиуми, бегалецот се смета за опасен криминалец и наводно претходно пукал во Солун среде бел ден.

ИЗДВОЕНИ