четврток, октомври 8, 2026
Дома СВЕТ Фицо реагираше по изложувањето навредлива статуа на Доналд Трамп во Европскиот парламент...

Фицо реагираше по изложувањето навредлива статуа на Доналд Трамп во Европскиот парламент – бара нејзино отстранување/ФОТО

43
Фото: EPA/JAKUB GAVLAK

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска повика на отстранување на навредлива статуа на американскиот претседател Доналд Трамп од Европскиот парламент, опишувајќи ја како знак за опаѓањето на целата Европска унија.

„Исмејувачката статуа на американскиот претседател Доналд Трамп, поставена во просториите на Европскиот парламент, е знак за опаѓањето на целата ЕУ. Не се согласувам со сите политики на американскиот претседател – далеку од тоа. Но, во време што бара дијалог и меѓусебно почитување, навредувањето на нашите партнери во официјални простории покажува длабоко неразбирање на времето во кое живееме“, изјави Фицо во објава на социјалната мрежа „Икс“.

Според него, „тажно е што раководството на Европскиот парламент, во своето слепило, повеќе не може да направи разлика помеѓу легитимното право на спротивно мислење и постапките на духовно банкротирани поединци, авантуристи и лудаци“.

„Дали раководството на Европскиот парламент би се согласило да се изложат исмејувачки прикази на францускиот претседател или на германскиот канцелар? Бидејќи одговорот на ова прашање е сосема очигледен, очекувам претседателот на Европскиот парламент веднаш да го отстрани навредливиот приказ на американскиот претседател од просториите на Европскиот парламент“, заклучи Фицо. Скулптурата насловена „Портокалова чума“ беше откриена во вторникот од данскиот уметник Јенс Галсхиот пред зградата на Парламентот во Стразбур. Делото прикажува гол, позлатен Трамп како седи на рамениците на помал човек, држејќи палка за голф и вага на правдата. Покрај статуата се поставени картички со коментар дека „кралот на неправдата седи на грбот на човек кој тоне под тежината“, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ