Фицо „ги покажа мускулите“ по шпекулациите за неговото здравје/ФОТО

189
Robert Fico/X

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која и покрај студот плива во реката Дунав, откако во медиумите се појавија шпекулации за неговото здравје.

„Баш вчера новинарите беа „загрижени“ дали воопшто дишам и дали можам да се искачам по скалите до мојата канцеларија… Затоа ги поканив утрово на насипот да се загреат и да пливаат. Чувствувам дека тое им е потребно. Никој не дојде. Разбрав. Малку росеше и беше поладно“, напиша Фицо на Икс, покрај фотографија од него на која стои во вода до половината, целосно мокар, облечен само во тесна маица.

Фицо ги покани новинарите на браната во неделата, како одговор на се почестите прашања за неговото здравје. Тој неодамна ја откажа или менуваше својата програма неколку пати без дополнително објаснување, пренесува Танјуг.

Тој призна дека има проблеми по минатогодишниот атентат.

„Постојат одредени работи кои се поврзани со атентатот и кои во одреден момент ме спречуваат да поминам четиричасовно патување со автомобил. Нема да ви кажам повеќе“, рече Фицо.

Тој додаде дека е способен да врши тешки физички работи.

„Во политиката сум од 1991 година, тоа се 34 години. Понекогаш може да се случи нешто поради што не можете да функционирате 100 отсто секој ден“, рече тој, пренесува словачкиот портал Topky.

ИЗДВОЕНИ