Орбан во отворен конфликт со украинскиот претседател: Не можеме да ги толерираме заканите на Зеленски

527

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека бил принуден да влезе во отворен конфликт со украинскиот претседател Володимир Зеленски бидејќи во неговите зборови слушнал отворена закана. Во своето обраќање пред парламентот, Орбан истакна дека никој не може да и каже на Будимпешта каква одлука треба да донесе за пристапот на Украина во Европската унија.

Унгарскиот премиер истакна дека до неодамна се обидувал да избегне конфликти со Зеленски и да ги игнорира неговите провокативни изјави бидејќи сакал да го зачува „она што сè уште може да се зачува“ во односите меѓу двете земји.

Тој додаде дека морал да отстапи од ова правило минатиот викенд, откако Зеленски изрази незадоволство од референдумот во Унгарија за пристапување на Украина во ЕУ и рече дека Орбан „прави опасни работи“.

Орбан рече дека „слушнал закана во тие зборови“, пренесе ТАСС.

„Во меѓународната политика тоа може да се протолкува како сериозна закана и никој не може да им се заканува на Унгарците. Не можеме да толерираме такви закани“, објасни унгарскиот премиер.

Тој додаде дека „морал да го преземе овој чекор и да влезе во отворен конфликт, кој може да има сериозни последици“, но дека „ја презема одговорноста за тоа“.

„Поентата е дека треба директно да разговараме со Украинците и да им кажеме дека нивните постапки не се во наш интерес“, рече Орбан, пренесува Срна.

ИЗДВОЕНИ