недела, октомври 4, 2026
Дома МАГАЗИН Маск го менува името на својата компанија за ВИ, сега ќе ја...

Маск го менува името на својата компанија за ВИ, сега ќе ја препознавате како SpaceXSI

0
Фото:википедија

Илон Маск, извршниот директор на „СпејсЕкс“, најави дека ќе го промени името на одделот за вештачка интелигенција на компанијата од SpaceXAI во SpaceXSI, откако американскиот претседател Доналд Трамп почна да го промовира терминот „суперинтелигенција“ наместо „вештачка интелигенција“.

Маск ја потврди промената на социјалната мрежа „Икс“, одговарајќи на корисник кој праша дали компанијата ќе го смени своето име.

„Да, ќе ја направиме таа промена“, напиша тој.

Минатиот месец, за време на говорот на Генералното собрание на Обединетите нации, Трамп изјави дека американските документи – а, како што се надева, и документите ширум светот – треба да го користат терминот „суперинтелигенција“ наместо „вештачка интелигенција“.

Во моментот на пишување на оваа вест, профилот на компанијата на X сè уште не беше ажуриран. Маск не даде дополнителни детали ниту временска рамка за спроведување на промената на името.

ИЗДВОЕНИ