Федералното истражно биро на САД (ФБИ) денес објави дека уапсило жена осомничена за планирање бомбашки напад врз владата на државата Њујорк и седиштето на законодавното тело во Олбани, каде што се наоѓа канцеларијата на гувернерката Кети Хочул.
ФБИ во тужбата поднесена до федералниот суд изјави дека Џесика Боуви (35) се заколнала на верност кон терористичката организација (ИД) во онлајн комуникациите и почнала да го планира нападот во јули.
Во тужбата се наведува дека осомничената се преобратила во ислам пред околу пет години и во пораките со неидентификувани лица се заложила за поддршка на ИД.












