петок, јули 31, 2026
Дома СВЕТ ЕВРОПА СЕ ДЕЛИ: Финска ја поддржува Италија – Шпанија треба да биде...

ЕВРОПА СЕ ДЕЛИ: Финска ја поддржува Италија – Шпанија треба да биде исклучена од Шенген поради миграциската криза!

1
Screenshot: X

Финската министерка за внатрешни работи Мари Рантанен денес изрази поддршка за предлогот на италијанската премиерка Џорџа Мелони за исклучување на Шпанија од Шенген зоната поради мигрантската криза во шпанската енклава Сеута.

„Шпанија целосно не успеа во заштитата на надворешната граница на Шенген зоната од нелегална миграција. Ова не може да продолжи. Сите европски земји мора да го поддржат предлогот на Мелони. Земјите што не ја исполнуваат својата обврска да ги заштитат своите надворешни граници не можат да бидат членки на Шенген“, напиша Рантанен на социјалната мрежа X.

Предлогот за потенцијално исклучување на Шпанија следеше по масовниот прилив на мигранти во Сеута од Мароко, за време на кој, според шпанските проценки, околу 49.000 луѓе ја преминале границата за 24 часа.

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека земјата ќе ги засили контролите на границата со Шпанија по големиот прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од Мароко.

Нуњез изјави дека денес повторно ќе разговара со својот шпански колега за ситуацијата во Сеута, откако во текот на ноќта помеѓу четврток и петок беа регистрирани голем број гранични премини меѓу Мароко и шпанската енклава, објави „Ле Фигаро“.

Холандскиот министер за надворешни работи Том Берендсен изјави дека земјата смета на Шпанија дека ќе направи сè што е потребно за да ги заштити надворешните граници на Европската Унија и дека Мароко ќе ги преземе потребните мерки од своја страна.

Германските политичари и претставници на полицијата, исто така, повикаа на зголемени мерки за заштита на границите и координација со Шпанија и Мароко, со предупредувања дека некои од нив би можеле да го продолжат своето патување кон други земји од Европската Унија, вклучително и Германија.

ИЗДВОЕНИ