понеделник, септември 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА 15-годишник фатен зад волан среде ноќ во Скопје

15-годишник фатен зад волан среде ноќ во Скопје

60

Петнаесетгодишник од Скопје бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува автомобил без да има право на управување.

Како што соопшти МВР, случајот бил регистриран денеска околу 1:10 часот на улицата „Ѓорѓи Капчев“. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле возило со скопски регистарски ознаки и утврдиле дека зад воланот бил 15-годишник.

За случајот бил известен јавен обвинител за малолетници, а по неговото документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ