среда, септември 16, 2026
Дома СВЕТ Европа му создава илузии на Киев – руската страна тврди: Мирот не...

Европа му создава илузии на Киев – руската страна тврди: Мирот не е ништо поблизу отколку што беше пред неколку месеци

1
EPA/SERGEY DOLZHENKO

Перспективата за политичко-дипломатско решение на конфликтот во Украина денес не е ништо поблиску отколку што беше пред неколку месеци, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, на прес-конференција во мултимедијалниот прес-центар на медиумската групација „Русија севодња“ по повод самитот на БРИКС што се одржа минатата недела во Индија.

Тој нагласи дека клучното прашање сега е дали силите што се залагаат за политичко и дипломатско решение на конфликтот ќе успеат да најдат начин во таа насока да ја придвижат и, како што се изрази, „европската партија на војната“.

Според неговите зборови, таа го „одгледа режимот во Киев и продолжува да му создава целосно неосновани илузии за тоа што и како треба да презема“.

– Токму на нив лежи одговорноста за тоа што перспективата за политичко-дипломатско решение денес, според мое мислење, не е ништо поблиску отколку што беше пред неколку месеци. Тоа е објективна реалност – рече Рјабков.

Разговорите меѓу Русија и САД за Украина продолжуваат. Според неговите зборови, кога Москва ќе види дека по изјавите на Вашингтон за важноста на односите со Русија „следат конкретни чекори кои ќе овозможат да започне нормализација на нашите односи, тогаш веројатно ќе стане актуелно и разгледувањето на прашањето што претставува дијалогот за стратешка стабилност во современи услови“, вклучително и тоа дали таков дијалог е воопшто можен и кои теми би можел да ги опфати.

– Во овој момент за тоа не постојат предуслови. Денес не гледаме никаква можност на ова прашање да му се пристапи на практично ниво – заклучи тој.

ИЗДВОЕНИ