недела, септември 6, 2026
Дома СВЕТ Еуптираше вулканот Анак Кракатау во Индонезија: Лава се излева од кратерот, цела...

Еуптираше вулканот Анак Кракатау во Индонезија: Лава се излева од кратерот, цела Џакарта е пориена со пепел/видео

0
Фото: википедија

Индонезискиот вулкан Анак Кракатау еруптираше рано утрово, предизвикувајќи откажување на сите летови на меѓународниот аеродром Соекарно-Хата во Џакарта.

Индонезиската геолошка агенција соопшти дека вулканскиот остров, кој се наоѓа во индонезискиот теснец Сунда помеѓу главните острови Јава и Суматра, покажувал знаци на активност од петокот пред ерупцијата во 3:53 часот утрово, која траела околу 30 секунди, јавува „Асошиејтед Прес“.

Серијата ерупции на вулканот Анак Кракатау започна во петокот вечерта. Вулканот исфрлаше топол материјал, создавајќи ефект на „фонтана од лава“, а татнежи и потреси беа почувствувани во неколку области на провинциите Бантен, Лампунг и Западна Јава, јавува „РИА Новости“.

Снимките снимени од индонезиска агенција покажуваат изливи од лава како течат на планината.

Жителите на Џакарта и соседните градови ја споредуваат вулканската пепел со снежни врнежи и објавуваат слики од необичната глетка на социјалните мрежи.

Објавените видеа прикажуваат голем број мали, светли честички како паѓаат од небото во темница, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ