сабота, септември 5, 2026
Дома СВЕТ Експлодираше цистерна со гориво во западен Иран, загинаа 10 лица

Експлодираше цистерна со гориво во западен Иран, загинаа 10 лица

0

Десет лица загинаа во западен Иран кога експлодираше цистерна со гориво по сообраќајна несреќа на автопат, објавија денеска локалните медиуми.

Цистерната, која се движела по автопатот Хамедан–Санандаџ, учествувала во несреќата поради технички дефект на системот за сопирање, изјави гувернерот на Санандаџ, пренесува Ројтерс.

Според гувернерот, пожарот во меѓувреме е ставен под контрола.

Во инцидентот се повредени и шест лица, додаде тој.

ИЗДВОЕНИ