сабота, септември 5, 2026
Дома СВЕТ Ирански танкери во пламен: Жестока одмазда на САД, „следува уште потежок економски...

Ирански танкери во пламен: Жестока одмазда на САД, „следува уште потежок економски удар“/ВИДЕО

133

САД уништија три ирански танкери за нафта откако Корпусот на иранската револуционерна гарда (IRGC) испали балистички ракети кон американски воени бродови. Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека два воени брода на американската морнарица биле на рутинска патрола во регионалните води кога биле цел на иранскиот напад. Носачот на авиони и разурнувачот со водени ракети успешно го избегнале иранскиот напад, а во инцидентот нема повредени американски војници, објавува „Дејли меил“.

„Нека пораката до Корпусот на исламската револуционерна гарда биде јасна: ако пукате врз два наши брода, ќе ви нанесеме уште поголем економски удар – ќе уништиме три од вашите. Нема да се двоумиме да ги браниме американските сили и, доколку е потребно, да ја уништиме веќе ограничената и ранлива нафтена флота на Иран“, рече командантот на CENTCOM, адмирал Бред Купер.

Според Срна, првиот ирански танкер за нафта бил цел на американски ракетен напад на околу 10 километри од јужниот ирански остров Харг, објави иранската новинска агенција Тасним. Во извештајот се наведува дека бродот бил погоден од четири ракети испукани од американските сили.

Порано во текот на денот, иранските медиуми објавија експлозии во близина на островот Харг.

По нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари, Техеран ја ограничи пловидбата низ Ормутскиот теснец, додека американските сили воведоа поморска блокада на иранските пристаништа и крајбрежни области, потсетува Ксинхуа.

ИЗДВОЕНИ