недела, ноември 8, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА ЕУ увезе иста количина нафта, но за неа плати 55,8 отсто повеќе

ЕУ увезе иста количина нафта, но за неа плати 55,8 отсто повеќе

34

Во вториот квартал од 2026 година, вредноста на увозот на нафта во ЕУ нагло пораснал за 55,8 %, иако количините останале речиси исти како во претходните квартали, околу 36,7 милиони тони, објави „Евростат“.

Што се однесува на течниот природен гас, вредноста на увозот се зголемил за 4,1 %, а количините биле намалени за 5,6 %.

Во истиот период, увозот на природен гас во гасовита состојба забележал раст и во поглед на вредноста (+18,5 %) и во поглед на обемот (+3,4 %).

Најголеми доставувачи на енергенси во вториот квартал од 2026 година биле САД и Норвешка. Главни доставувачи на нафта за ЕУ ​​биле САД (18,8 %), Норвешка (14,3 %) и Казахстан (13,4 %).

Најголем дел и од течниот природен гас бил увезен од САД (63,2 %). Уште 17,3 % потекнувале од Русија, а 8,1 % од Алжир.

Норвешка била главен доставувач на природен гас во гасовита состојба (51,2 %), по што следуваат Алжир (18,2 %) и Обединетото Кралство (11,1 %), кое ја надминало Русија (10,2 %) и влегло во групата на трите најголеми партнери на ЕУ.

ИЗДВОЕНИ