четврток, октомври 8, 2026
Дома БАЛКАН ЕУ: Измените на Законот за Специјализираните совети се во спротивност со меѓународните...

ЕУ: Измените на Законот за Специјализираните совети се во спротивност со меѓународните обврски на Косово

21

Европската унија (ЕУ) изрази длабока загриженост во врска со измените на Законот за Специјализираните совети, кои, според претставниците на Брисел, се во спротивност со меѓународните обврски на Приштина кон ЕУ.

„Го повикуваме Косово да ги почитува своите меѓународни обврски за гарантирање на независноста на правосудството на Специјализираните совети на Косово, како и својата посветеност кон обезбедување одговорност и правда за жртвите и нивните семејства од сите заедници во Косово“, изјави за Радио Слободна Европа портпаролот на ЕУ, Кристијан Виганд.

Тој истакна дека Брисел доследно ја поддржува работата на Специјализираните совети како независна правосудна институција и инсистира целосно да се почитуваат нивниот тековен мандат и независност.

Специјализираните совети, порача портпаролот на ЕУ, ја спроведуваат правдата врз основа на принципот на индивидуална кривична одговорност.

Во врска со законските измени, загриженост изрази и германската амбасада во Косово.

„За да можат Специјализираните совети да ја исполнат својата мисија за обезбедување одговорност и правда за жртвите од сите заедници во Косово, нивната независност мора целосно да се почитува. Со длабока загриженост ги следиме измените на Законот за специјалните совети на Косово“, изјави портпаролката на германската амбасада во Косово, Каталин Хајне.

Косовскиот парламент во вторникот вечерта ги усвои измените на Законот за Специјализираните совети на Косово во Хаг, според кои се стеснува нивната надлежност, се намалуваат максималните казни и се воведува можност за помилување. Законските измени беа предложени од Демократската партија на Косово, а беа усвоени откако поддршка даде партијата на премиерот Албин Курти, која, пак, за возврат доби поддршка за избор на новата претседателка на државата Јустина Широка-Пула

ИЗДВОЕНИ