петок, ноември 27, 2026
Дома БАЛКАН Поројни дождови во Грција носат сè пред себе! Се очекува дополнително влошување...

Поројни дождови во Грција носат сè пред себе! Се очекува дополнително влошување на времето/ВИДЕО

0

Силни дождови ги зафатија крајбрежните градови Сивота и Платарија во северозападна Грција, предизвикувајќи големи поплави, соопштија денеска службите за итни случаи.

Според медиумот „Екатимерини“, поројни поплави ги преплавија улиците во двата града, носејќи кал, камења и друг отпад, што доведе и до прекин на сообраќајот.

Повеќето повици до службите за итни случаи се однесувале на поплавени подруми, приземни простории и деловни објекти.

Националната метеоролошка служба најави натамошно влошување на временските услови, при што се очекуваат дожд и силни невремиња.

ИЗДВОЕНИ