Етна повторно еруптира: Локалните власти издадоа портокалова тревога

173

Италијанските вулканолози регистрираа нова еруптивна фаза со интензивна експлозивна активност во југоисточниот кратер на Етна.

Воздушниот сообраќај во Катанија моментално функционира како и обично.
Ерупцијата се случи синоќа, додека врвот на експлозивната активност на вулканот беше регистриран утрово околу четири часот, објавува „Раи“.

Локалните власти издадоа портокалова тревога, но сегашната еруптивна фаза на Етна нема последици врз работењето на меѓународниот аеродром „Винченцо Белини“ во Катанија, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ