недела, февруари 1, 2026
Дома МАГАЗИН Естонскиот рапер може да биде хит на Евровизија, вели дека ќе победи...

Естонскиот рапер може да биде хит на Евровизија, вели дека ќе победи со „еспресо и макијато“

863

Томи Кеш ќе ја претставува Естонија на Изборот за песна на Евровизија во Базел. Тој победи во финалето на естонскиот национален избор со песната „Espresso Macchiato“.

Раперот е убеден дека ќе победи на Евровизија. Така во описот на песната на YouTube стои – победник на Евровизија 2025.

Во својата татковина во финалето освои дури 83 отсто од гласовите, a oдлучуваа и публиката и жирито.

„Томи Кеш е уметник со огромна популарност кој редовно настапува на престижни фестивали како што се Гластонбери, Сигет… Тој е познат по своите смели визуелни решенија и звуци. Покрај тоа, тој е успешен концептуален уметник кој ја комбинира постсоветската естетика со светските трендови, „мешајќи“ сирова нежност со изопачен хумор“, пишува на веб-страницата на Евровизија.

Фановите на Евровизија велат дека може да стане хит. Естонија го имаше своето деби на Евровизија во 1994 година. Првата и единствена победа ја постигна во 2001 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

ИЗДВОЕНИ