сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ Ердоган сопрен во Њујорк: Полицијата не му дозволи да ја премине улицата/ВИДЕО

Ердоган сопрен во Њујорк: Полицијата не му дозволи да ја премине улицата/ВИДЕО

482
screenshot X

Во Њујорк, полицијата не му дозволи на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да ја премине улицата поради поминувањето на претседателската колона, јавува Асошиејтед Прес.

Според британската телевизиска станица Скај њуз, најверојатно станува збор за возилото на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Во вторник, турската делегација беше запрена и од полицијата, поради што претседателот Реџеп Таип Ердоган беше принуден да чека за да ја премине улицата – се наведува во извештајот, пренесува РИА Новости.

Истиот ден, полицијата во Њујорк го запре и возилото на францускиот лидер Емануел Макрон поради поминувањето на колоната на американскиот претседател.

За да ја реши ситуацијата, францускиот претседател мораше лично да го повика својот американски колега.

ИЗДВОЕНИ