сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ Ер Индија предупредена за нетестираните безбедносни тобогани во авионите

Ер Индија предупредена за нетестираните безбедносни тобогани во авионите

75

Индискиот регулатор за цивилно воздухопловство (DGCA) издаде предупредување до „Ер Индија“ за кршење на безбедносните прописи откако три од нивните авиони „Ербас“ полетаа без претходно да ја проверат опремата за итни случаи, вклучително и тобоганите за спасување.

Според извештајот на DGCA, инспекциите спроведени во мај откриле дека авионите летале без потребни проверки на опремата за итни случаи, што претставува сериозно кршење на безбедносните стандарди, објави Ројтерс.

Проверките покажаа дека опремата за итни случаи, поточно слајдовите за спасување, не била тестирана или имала истечен рок на траење на сертификатите.

ИЗДВОЕНИ