Ен-би-си: Специјалниот претставник на САД, Виткоф, ќе му презентира на Путин 22 предлози за Украина

80

Специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, ќе му презентира на рускиот претседател Владимир Путин список од 22 предлози за решавање на конфликтот во Украина, вклучувајќи го и одбивањето на САД да го поддржат влезот на Киев во НАТО, „Ен-би-си њуз“, повикувајќи се на неименуван западен функционер.

Американските, европските и украинските преговарачи составија „список на услови“, рече еден од западните функционери, додавајќи дека тоа го исполнило барањето на рускиот претседател Владимир Путин САД да не го поддржуваат членството на Украина во НАТО.

„Ако Путин сака излез, еве го. Виткоф ќе мора да му ги презентира на рускиот претседател“, рече неименуваниот функционер.

Предлогот претседателот на САД, Доналд Трамп, да се сретне со Путин за време на неговата посета на Саудиска Арабија следната недела е одбиен бидејќи немало никаков потег од страна на Русија кон прекин на огнот, според двајца претставници на администрацијата во Вашингтон и службено лице запознаено со плановите на Трамп.

Средбата би била условена од тоа Русија да се согласи на прекин на огнот во Украина, соопштија претставници на Стејт департментот.

Неименуван европски функционер рече дека проценките на разузнавањето укажуваат дека Путин останува посветен на максималистичките цели во војната во Украина и нема интерес да постигне договорно решение, објави Танјуг.

Од неговата последна средба со Виткоф, Белата куќа потпиша „економско партнерство“ со Украина што ќе му даде на Вашингтон пристап до некои од клучните минерали и природни ресурси на земјата разорена од војната, објави американскиот телевизиски канал.

ИЗДВОЕНИ