Владата на Шпанија предложи намалување на работната недела

65

Шпанската влада одобри закон за намалување на работната недела од 40 на 37,5 часа.

Дванаесет и пол милиони вработени во приватниот сектор со полно и неполно работно време ќе имаат корист од намалувањето за кое Министерството за труд очекува да ја зголеми подуктивноста и да го намали отстуствувањето од работа.

„Денеска го модернизираме светот на трудот и им помагаме на луѓето да бидат посреќни“, рече министерката за труд Јоланда Дијас.

Намалувањето кое веќе важи во државните служби и во некои економски сектори, пред се ќе го користат вработените во малопродажба, производство, угостителство и градежништво, изјави таа.

Главните синдикати го поддржуваат предлогот, но не и здруженијата на бизнисот.
Во парламентот кој треба да го изгласа законот, владејачката левичарска коалиција нема доволно гласови за да го усвои.

Коалицијата Сумар (Обединети), левоориентираниот малцински партер на владата на Педро Санчес, го преложи тој закон, а каталонската националистичка партја Хунтс, привремен сојузник на коалицијата на Санчес, изјави дека е загрижена поради, како што рекоа, негативните последици на законот по малите претпријатија и самовработените.

Шпанија ија 40-часовна работна недела од 1983 година, кога беше намалена од 48 часа.

 

ИЗДВОЕНИ