вторник, јуни 16, 2026
Дома МАГАЗИН Ел Нињо се очекува уште во мај: Експертите предупредуваат на големи временски...

Ел Нињо се очекува уште во мај: Експертите предупредуваат на големи временски промени

88

Враќањето на климатскиот феномен Ел Нињо се очекува уште во мај оваа година, што потенцијално би можело да влијае на глобалните температури и моделите на врнежи, соопшти Светската метеоролошка организација (СМО).

Според податоците на СМО, Ел Нињо е периодично затоплување на температурите на површината на морето во централниот и источниот Тихи Океан што обично трае помеѓу девет и 12 месеци, објавува „Ројтерс“.

Јасна промена е забележана во екваторијалниот Пацифик со нагло зголемување на температурите на површината на морето, што укажува на голема веројатност за Ел Нињо помеѓу мај и јули оваа година.

„По период на неутрални услови на почетокот на годината, климатските модели сега се силно усогласени и го гледаме почетокот на Ел Нињо, проследен со понатамошно зајакнување во текот на наредните месеци“, рече прогнозерот за клима на СМО, Вилфран Муфума Окија.

Иако моделите укажуваат на потенцијално силен Ел Нињо оваа година, WMO додава дека прогнозите направени во текот на пролетта обично се помалку веродостојни и дека поголема сигурност во предвидувањата ќе биде можна по април.

Овој модел е познат по нарушувањето на регионалните клими, потенцијално доведувајќи зголемени врнежи од дожд во јужна Јужна Америка, јужните делови на Соединетите Американски Држави, делови од Африканскиот Рог и централна Азија, додека во исто време може да предизвика суши во Австралија, Индонезија и делови од Јужна Азија, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ