Експлозија во станбена зграда во Москва: Едно лице загина, четворица се повредени/ВИДЕО

73

Армен Саркисијан, висок припадник на проруските паравоени сили од источна Украина, почина во болница од повреди здобиени во експлозија на бомба во станбен комплекс во Москва, објави рускиот весник Комерсант.

Бомбата експлодирала токму кога маж со телохранители влегол во фоајето на комплексот Пурпурни едра“ на брегот на реката Москва, на само 12 километри од Кремљ, јавуваат руските медиуми.

Државната новинска агенција ТАСС ја цитираше полицијата како експлозијата ја нарече „атентат“.

Агенцијата соопшти дека меѓу повредените има и телохранители на загинатиот.

База, каналот на Телеграм со контакти во руските безбедносни служби, објави видео на кое се гледа голема штета во фоајето на зградата.

Во декември, Украина ја презеде одговорноста за убиството на рускиот генерал Игор Кирилов во експлозија на бомба пред станбена зграда во Москва.

ИЗДВОЕНИ