недела, јуни 7, 2026
Дома СВЕТ Експлозија во ноќен клуб на северниот брег на Перу: Повредени се 34...

Експлозија во ноќен клуб на северниот брег на Перу: Повредени се 34 лица, меѓу кои и малолетници

52
Фото:википедија

Бомбашки напад во ноќен клуб во покраината Трухиљо, Перу, повреди 34 лица, меѓу кои и малолетници, објави денес регионалниот здравствен орган.

Експлозијата се случи синоќа во клубот „Дали“, на северниот брег на Перу, јавува агенцијата Андина. Најмалку петмина од повредените се во тешка состојба, според извршниот директор на здравствената мрежа Трухиљо, Херардо Флоријан Гомез.

Тој рече дека меѓу повредените има еден шеснаесетгодишник и двајца седумнаесетгодишници, јавува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ