Политичкиот трилер „Една битка по друга“ (One Battle After Another) на Пол Томас Андерсон го доби Оскарот за најдобар филм на 98. свечено доделувањето на најпрестижните филмски награди што се одржаа синоќа во Долби театарот во Холивуд, Лос Анџелес.

Од 13-те номинации „Една битка по друга“ победи во шест категории, и освен за најдобар филм, се закити со награди и за најдобар режисер, кастинг, машка споредна улога (Шон Пен), адаптирано сценарио и монтажа.

Од рекордните 16 номинации, вампирскиот хорор „Грешници“ (Sinners) на Рајан Куглер, пак доби 4 златни статуетки, и тоа за оригинално сценарио, музика, кинематографија и за најдобар актер (Мајкл Б. Џордан).

Џеси Бакли го доби Оскарот за најдобра актерка за улогата на сопругата на Шекспир во филмот „Хамнет“, а Ејми Мадиган за филмот „Оружја“ ја освои наградата за најдобра споредна женска улога.

За најдобар интернационален филм беше прогласен норвешкиот „Сентиментална вредност“ на Јоаким Триер.

Ја доби не само битката, туку и војната за Оскарите: Голема победа за филмот „Една битка по друга“

ИЗДВОЕНИ