Во Каљалри, Сардинија, се активирани протоколи за сомнителен случај на ебола, по што едно лице е пренесено во болницата Сантисима Тринита во одделот за заразни болести откако покажало симптоми конзистентни со вирусот. Пациентот е пренесен од својот дом и се верува дека неодамна се вратил од патување во странство, објавува „Еуроњуз“.
Италијанското Министерство за здравство издаде соопштение во кое се вели дека пациентот имал симптоми и неодамна се вратил од Демократска Република Конго. Се додава дека тестовите ќе бидат извршени подоцна вечерва од страна на римскиот институт „Спаланкани“.
– Пациентот моментално е во болничка изолација – објави министерството, истакнувајќи дека ризикот од ебола во Италија „останува многу низок“.
Италија испрати експерти од болницата „Спаланцани“ во Демократска Република Конго. Премиеката Џорџа Мелони предложи управувањето со границите да биде ставено на дневен ред на состанокот на Европскиот совет на 18 и 19 јуни.
Пред тој состанок, владата во Рим побара да се забрза координацијата преку видеоконференција на министрите за здравство следната недела и на Советот на EPSCO на 16 јуни, за да се дефинираат оперативните приоритети.
Жан Касеја, генерален директор на Африканските центри за контрола и превенција на болести (Африка ЦДЦ), изјави денеска за Фајненшл тајмс дека од 30 мај, во Демократска Република Конго и Уганда се пријавени 263 потврдени случаи на ебола и 43 потврдени смртни случаи, додека бројот на сомнителни случаи надмина 1.100.












