И во следната сезона организацијата на играта на македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер, ќе му биде доверена на словенечки среден бек. Битолскиот тим потпиша двегодишен договор со Миха Котар, 27-годишен среден бек, кој во Македонија доаѓа од првакот на Србија, Партизан.

Котар е роден во Требње, поникна во матичниот Тримо Требње, афирмација доживеа во Словењ Градец, а во последните две сезони го носеше дресот на белградски Партизан. Со ангажманот на Котар нашиот клуб добива квалитет, искуство и додадена вредност во тимот.

Официјалното претставување на Котар е предвидено во јули на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27.

Еурофарм Пелистер покрај Миха Котар во наредниот период ќе донесе и уште еден играч на оваа позиција, со што играчкиот кадар ќе биде комлетен за големи дострели.

ИЗДВОЕНИ