среда, јуни 17, 2026
Дома СВЕТ Трамп со порака: По Иран, на ред е Куба

Трамп со порака: По Иран, на ред е Куба

125
EPA/SHAWN THEW / POOL

Кога ќе заврши конфликтот со Иран, на ред ќе дојде Куба, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.

Во време кога вниманието на светската јавност е насочено кон Иран, Трамп јасно стави до знаење дека прашањето за Куба не е затворено за Вашингтон и дека тоа би можело да стане следната голема тема на американската надворешна политика.

Тој не даде објаснување на тоа што мисли под „ќе дојде на ред“, но формулацијата што ја употреби веднаш предизвика бројни толкувања. Некои сметаат дека тоа е тема што веќе се разгледува во Вашингтон.

Трамп, исто така, осврнувајќи се на Куба, рече дека тоа е земја која долго време била лошо водена, со систем што го опиша како репресивен.

ИЗДВОЕНИ