понеделник, јуни 15, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА „Брејнчајлд“ инвестира 11 милиони евра и ќе вработи 230 лица

„Брејнчајлд“ инвестира 11 милиони евра и ќе вработи 230 лица

11

Нова фабрика за производство на опрема за спортови на вода и ветер, во сопственост на компанијата „Брејнчајлд“, вчера официјално беше пуштена во работа во индустриската зона Жабени во Битола. Станува збор за приватна инвестиција во вкупна вредност од околу 11 милиони евра, каде веќе се обезбедени нови вработувања за околу 230 лица.

На свеченото пуштање во работа присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека процесот за реализација на овој капацитет започнал на самиот почеток од мандатот на владата. Тој упати благодарност до градоначалникот Тони Коњановски, општинската администрација и до пратениците, за брзата реакција во менаџирањето на проектот.

„Нам, како Влада, ни претставуваше особена чест и задоволство да можеме да поддржиме една ваква инвестиција каде што веќе околу 230 луѓе се вработени, инвестиција во вкупна вредност од околу 11 милиони евра, и на тој начин да продолжиме да поддржуваме инвестиции коишто ќе бидат додадена вредност во македонската економија“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот најави засилено темпо на економски активности во овој регион и во следниот период. Според него, во тек се преговори со уште најмалку двајца потенцијални инвеститори кои изразиле сериозен интерес за изградба на нови капацитети во Битола.

ИЗДВОЕНИ