недела, август 16, 2026
Дома БАЛКАН Два големи пожари избувнаа на грчкиот остров Саламина – зафатени се и...

Два големи пожари избувнаа на грчкиот остров Саламина – зафатени се и куќи, а има и две жртви

29
Фото: EPA/SOTIRIS BARBAROUSIS

Два големи пожари избувнаа денес на грчкиот остров Саламина, во близина на Атина, а пожарот зафати куќи, објави противпожарната служба.  Денес речиси истовремено тука избувнаа два пожара и предизвикаа евакуација на стотици луѓе, соопштија противпожарните служби.

Првиот пожар избувна во областа Перистерија, а вториот во областа Селинија во правец на Каки Вигла.

„Две тела се пронајдени во близина на плажата Перистери на југот од островот“, потврди за АФП еден спасувач.

Во соопштението на противпожарните служби се наведува дека се прават подготовки за евакуација на населението од Селинија и Каки Вигла по море, објави „Прототема“.

ИЗДВОЕНИ