Владината просечна потрошувачка кошничка е за 160 евра поевтина од синдикалната минимална. Владата пресметала дека на едно четиричлено домаќинство во јануари му биле потребни 56.000 денари, откри министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во телевизиско гостување. Според него, владината просечна била поевтина од синдикалната минимална, бидејќи Синдикатот имал нереално повисоки пресметки.
„Во јануари 2026 година, просечната потрошувачка кошничка, според наша пресметка, била околу 56.000 денари. Ако ја разгледаме структурата на 2025 година, ќе видиме значајни разлики по категории. Како, на пример, кај облеката и обувките разликата изнесува три илјади и нешто денари, околу 50 проценти е поевтина. Кај домувањето, водата, електриката, горивата, разликата е исто околу 3.000 – вели Дурмиши.
Тој вели дека сериозното отстапување меѓу овие две кошнички е поради тоа што, според него, во синдикалната кошничка биле ставени многу работи што не ги употребува едно семејство.
Дурмиши кажа дека во владината кошничка има над 100 основни прехранбени производи, а на списокот има и нескафе, кое, за премиерот, беше луксуз.
Инаку, синдикалната кошничка за јануари е 66












