сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Возило со скопски регистарски таблички управувано од 17-годишник излетало од коловозот...

Возило со скопски регистарски таблички управувано од 17-годишник излетало од коловозот на локалниот пат Ржаничино-Траор – повредени се 5 лица

107

Денеска во 01:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат с.Ржаничино-с.Таор, скопско, патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од с.Орешани, скопско, излетало надвор од коловозот, информираат од  Секторот за внатрешни работи – Скопје.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот, двајца сопатници и една сопатничка на возраст од 17-години и сопатникот Б.Г.(21), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ИЗДВОЕНИ