четврток, јули 23, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ „Дури и мајка ми навиваше за Федерер кога играше против мене“

„Дури и мајка ми навиваше за Федерер кога играше против мене“

1638

Австралискиот тенисер Алекс де Минор се присети на единствената средба што ја одиграл против Роже Федерер, признавајќи дека тоа било искуство кое целосно го разоткрило пред публиката – и тоа во дворот на Федерер.

Австралиецот го вкрсти рекети со Швајцарецот во финалето на АТП турнирот од серијата 500 во Базел во 2019 година, кога Федерер играше за јубилејниот, десетти трофеј пред домашната публика. Атмосферата, како што вели, јасно го наговестила епилогот од првиот момент.

„Играв против него само еднаш, во финалето во Базел. Добив лекција. Беше за десеттата титула на Роже таму. Сè беше веќе подготвено: транспаренти, огномет… Сите во Базел знаеја дека Роже ќе го добие тој натпревар. И навистина, тој ја освои таа десетта титула. Беше 6:2, 6:2. Мала лекција, полна со почит, за 57 минути. Дури и мајка ми навиваше за Роже. Тоа покажува во колку проблеми бев“, рече Де Минор.

Федерер рутински славеше таа вечер и го крена трофејот пред своите навивачи, додека Де Минор, иако свесен за силата на својот противник, почувствува какво е да се игра практично „сам против сите“.

ИЗДВОЕНИ