Општина Кочани, по повод Петровден, празникот на градот, подготви програма исполнета со свечени настани, духовни чествувања, сеќавања, активности за сите генерации, која ќе трае од 10 до 12 јули.
Од Општината информираат дека програмата ќе содржи: свечен прием на првенците на генерацијата и на наградените ученици, детски водни авантури – „Игри без граници“, Влашки етнофестивал и Петровденски планинарски марш.
Предвидени се и вечерна богослужба, литија и кршење на славски колач, духовна академија и музичка програма со концерти на диџеј Џани Филипо, Дина Јашари и на „Дупер“.
Освен тоа, ќе има и автомобилско шоу, а децата ќе може да ги слушнат песните од детскиот фестивал „Калинка“.
Ќе може да се проследи и финалето на петровденскиот турнир во мал фудбал.
– За Петровден, бидете во Кочани! – повикуваат општинските власти.












