Kошаркарскиот клуб Дубаи продолжува да го тресе кошаркарскиот пазар и нема намера да застане. Клубот од Обединетите Арапски Емирати, кој со месеци агресивно гради состав способен да го достигне врвот на европската кошарка, повторно е во центарот на вниманието поради ново засилување од НБА-лигата.
Според информациите што циркулираат на пазарот, Дубаи е блиску до доведување на Гершон Јабуселе.
Финансиската моќ на клубот продолжува да ги руши границите во европската кошарка, па затоа не изненадува што во последно време играчите со НБА-искуство стануваат сè попопуларни цели, кои би можеле да добијат клучна улога и сериозен договор во Дубаи.
Инаку, Јабуселе играше во НБА за Филаделфија, Њујорк и за Чикаго, во последните две сезони. Играше и за Реал Мадрид во Евролигата.











