петок, јули 3, 2026
Дома СВЕТ САД денеска биле на „само еден час од одлука за напад врз...

САД денеска биле на „само еден час од одлука за напад врз Иран“

48
EPA/AARON SCHWARTZ / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД можеби повторно ќе го нападнат Иран и дека бил „само еден час“ оддалечен од носење таква одлука.

„Само еден час ме делеше денес од одлука за напад“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Тој додаде дека иранските власти бараат договор, но предупреди дека доколку не се постигне, во наредните денови може да следува нов американски напад.

„Можеби во петок, сабота или недела, можеби на почетокот на следната недела“, рече Трамп, додавајќи дека САД нема да дозволат Иран да развие ново нуклеарно оружје.

Говорејќи за Куба, Трамп изјави дека верува оти е можен дипломатски договор со владата во Хавана.

„Куба нѐ повикува. Им треба помош“, рече американскиот претседател, додавајќи дека земјата е „пропадната нација“ на која ѝ е потребна поддршка.

ИЗДВОЕНИ