Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар, ја забележа првата победа во Лигата на шампионите. „Црвено – црните“ дојде до висок триумф на гостувањето во Франција кај Нант (33:27) во меч кој немаше резултатско значење за црвено-црните, додека Нант го стави во проблем во битката за нокаут-фазата.
По трите порази во првите три кола Вардар сигурно оди во Лигата на Европа, но и тоа не беше пречка за тимот на Иван Чупиќ да го надигра ривалот. Мотивацијата не фалеше, цел меч Вардар беше доминантен и заслужено се радуваше на победата.
Леон Љевар имаше одличен меч со седум гола, пред Јака Малус со шест гола, додека Урош Митровиќ погоди пет пати. Голманот Милош Валах заврши со 16 одбрани. Кај Нант, по четири гола имаа Ихор Турченко и Лука Периќ.












