Кошаркарскиот клуб Дубаи официјално објави големо засилување, но не на играчки план. Поранешниот НБА-шампион со Кливленд Кавалирс, Тристан Томпсон, се приклучи на клубот како член на предната канцеларија и глобален амбасадор.
Томпсон, кој зад себе има богата НБА-кариера, ќе има задача да помогне во развојот и промоцијата на клубот на меѓународно ниво. Дубаи го претстави како човек кој треба да придонесе во создавањето на амбициозен проект кој ги надминува границите на кошарката.
- Дубаи стана место каде што спортот, бизнисот, културата и можностите се развиваат со брзо темпо, порача Томпсон.
Тој смета дека клубот има потенцијал да стане глобален кошаркарски центар и да привлече таленти, навивачи и нови можности од Блискиот Исток, Европа и пошироко.
Томпсон истакна дека е возбуден што ќе биде дел од проектот и ќе помогне во создавањето средина во која играчите ќе сакаат да доаѓаат, да останат и да се натпреваруваат на највисоко ниво.











